По фантастичната сезона во која стана првата канадска тенисерка со гренд слем титула со победата на САД опен, Бјанка Андреску е добитник на „Лу Марш трофејот“, како најдобар канадски спортист за 2019 година.
Тинејџерката пред една година беше речиси анонимна, но по победата над Серена Вилијамс во финалето на Флешинг Медоуз и искачувањето на четвртото место на ВТА листата, таа беше убедлвиа пред другите канадски спротисти.
„Да се биде прва тенисерка со оваа награда е навистина огромна чест и не го очекував ова. Мојот успех оваа година немаше да биде можен без поддршката од цела Канада“, изјави 19-годишната тенисерка.
Тинејџерката е ќерка на романски имигранти во Канада, и во 2019 година заврши со 48-7 скор на сите турнири. Во гласањето таа ги победи спринтерот Андре де Грасе, голферката Брук Хендерсон, НХЛ голманот Џордан Бинингтон и безбол-ѕвездата Мајк Сорока.