Top Sport

Болт го потсети Лајлс кој е „спринтерскиот крал“

Американецот Ноа Лајлс несомнено е првата ѕвезда на Светското првенство во атлетика во Будимпешта откако осви три злата на 100, 200 и 4х100 метри, но Јамајчанецот Јусеин Болт преку социјалните мрежи го потсети кој е „спринтерскиот крал“.

Лајлс пред СП изјави дека ќе го сруши рекордот на Болт на 200 метри и дека ќе истрча барем 9.65 на 100 метри, но на крајот рекордите останаа кај Јамајчанецот. Болт, да потсетиме, во Берлин кога имаше само 22 години го имаше најдоброто СП в историјата – истрча 9.58 на 100 метри и 19.19 на 200 метри, нешто што засега останува златен лимит.

„Уште сме во Ерата на Болт“, напиша Болт на Инстаграм.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');