Top Sport

Борис Бекер пуштен од затвор и ќе биде депортиран од Велика Британија

Славниот тенисер Борис Бекер е ослободен од затвор и ќе биде депортиран од Велика Британија. Тој отслужи осум месеци затворска казна од две и пол години за обид да сокрие пари и други вредни предмети вредни 2,5 милиони фунти во стечајна постапка со намера да избегне плаќање долгови.

Тој беше прогласен за виновен по четири од вкупно 24 точки од обвинението.

Британското правосудство го обвини дека се обидел да сокрие пари и други вредни предмети, вклучително и тениски трофеи, за време на стечајната постапка. Тој на прелиминарното рочиште ја негираше вината. Судијката Дебора Тејлор и порача на поротата да ги остави настрана сите предрасуди и да ја игнорира славата на Бекер.

Трофејниот поранешен германски тенисер од 2012 година живее во Лондон, но никогаш не поднел барање за британско државјанство. Тој почна да ја отслужува затворската казна во озлогласениот затвор Вандсворт во Лондон, но набрзо беше префрлен и го отслужи остатокот од казната во затворот Хантеркомб, каде што доби еден вид наставничка работа.

54-годишниот трикратен победник на Вимблдон и поранешен светски рекет број 1 работел како асистент предавач по теорија на спортот во оваа затворска установа.

Scroll to Top