Покрај Григор Димитров уште тројца кои биле дел од „Адрија Тур“ во Задар се позитивни на коронавирусот.
Вчера Григор Димитров потврди дека е заразен со коронавирусот поради што организаторите го откажаа финалниот меч во Задар. Синоќа биле тестирани 22 луѓе кои биле во непосреден контакт во бугарскиот тенисер.
Организаторите објавија дека 19 тестови биле негативни, додека три тестови биле позитивни на коронавирусот. Заразени се тенисерот Борна Чориќ и кондиционите тренери на Новак Ѓоковиќ и Григор Димитров, Марко Паники и Кристијан Грох.
„Сите тројца ќе останат во самоизолација во Задар и ќе ги следат упатствата и препораките од надлежните здравствени институции. Повторно ќе бидат тестирани за пет дена. Доколку тестовите им бидат негативни ќе можат да заминат, доколку бидат позитивни ќе ги почитуваат здравствените протоколи. Сите останати, вклучувајќи ги и членовите на тимот на Ѓоковиќ и останатите тенисери се негативни (Зверев, Чилиќ) и тие можат да заминат во своите држави. За нов е задолжително да поминат одреден период во самоизолација“, соопштија организаторите.
Како што се наведува Ѓоковиќ не чувствувал никакви симптоми. Тој во понеделник ќе се врати во Белград каде ќе биде тестиран.