Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ќе заработи казна од пет места на стартот на Јапонското ГП во недела поради непредвидено менување на менувачот на неговиот болид. Според правилата на ФИА, еден менувачки систем мора да издржи шест трки едноподруго, а исклучок се прави само доколку во претходната трка нема пласман, додека Ботас беше петти во Малезија.
28-годишниот Финец оваа сезона го замени пензионираниот светски шампион Нико Розберг, а минатиот месец потпиша продолжување на договорот на уште една година, но во последните трки е во криза и нема добар пласман. Претходно оваа сезона тој освои две пол-позиции и славеше две победи.