Top Sport

Брат и сестра во ист ден станаа олимписки шампиони во поединечен спорт

Јапонските брат и сестра, 23-годишниот Хифуми Абе и 21-годишната Ута Абе денеска се запишаа во историјата на Олимписките игри со освојувањето на златните одличја во џудо во своите тежински категории.

Хифуми и Ута станаа првите брат и сестра кои во ист ден станаа олимписки шампиони во поединечен спорт.

Прв до златото во категорија до 52 килограми стигна Ута. Во финалето ја совлада Армандиб Бушар од Франција. Таа на олимпискиот трон ја наследи Мајлинда Келменди од Косово.

Во машкото финале, пак во категорија до 66 килограми Хифуми го совлада Грузиецот Важа Маргвелашвили, додека бронзата отиде кај Бразилецот Даниел Каргнин.

Scroll to Top