Top Sport

Братен ја „прегази“ конкуренцијата во првиот слалом оваа сезона

Норвежанецот Ларс Братен е освојувач на првиот слалом од новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање, откако во францускиот ски-центар Вал Д’Изер ја искористи поволната стартна позиција да го совлада Австриецот Мануел Фелер со огромни 0.84 секунди предност.

Зад Фелер, кој заврши како втор и на вчерашниот велеслалом, заврши Швајцарецот Лоик Мејар со 0.98 секунди послабо време. Сонародникот на Братен и фаворит за победата, Хенрик Кристоферсен беше втор по првото возење, но направи премногу грешки во второто и заврши само на 16. место. Светскиот шампион, Норвежанецот Себастијан Фос Солеваг не го заврши второто возење.

За 22-годишниот Братен ова е трета победа во кариерата и втора во слалом.

Scroll to Top