Top Sport

Бразилски УФЦ борец: Хабиб излегува од „пензија“ – ќе се бори со мене!

Бразилскиот УФЦ борец, Рафаел Дос Ањос на Твитер објави дека Хабиб Нурмагомедов „излегува од пензија“.

Бразилецот наскоро треба да се бори против Ислам Махачев, за чија кариера се грижи токму Хабиб. Таа борба е договорена веќе двапати, но до неа не дојде. Дос Ањос вели дека ќе прифати борба само ако по Махачев во рингот влезе и Хабиб.

„Само што слушнав од УФЦ дека Ислам прифатил борба со мене на 30. октомври во Абу Даби и дека Хабиб ќе излезе од пензија за да се бори со мене откако ќе го победам неговиот човек“ напиша Дос Ањос.

Засега нема одговор ниту од УФЦ, ниту, пак, од самиот Нурмагомедов, кој неколкупати досега ја одбива секоја можност да се врати во рингот.

По завршувањето на кариерата, Хабиб ја основаше фирмата „Eagle FC“ и почна да се грижи за кариерата на младите руски борци.

Scroll to Top