Top Sport

Варан сака што е можно поскоро да се пресели на „Олд Трафорд“

Рафаел Варан го губи трпението што неговиот трансфер од Реал во Манчестер јунајтед се уште не е реализиран. Францускиот репрезентативец сакал да се појави на почетокот на подготовките, во Манчестер јунајтед.

Варан, побара, а клубот му дозволи да си замине. Реал мора да го повлечат овој потег, бидејќи Варан одби да го продолжи договорот, кој му истекува наредното лето.

Тој ги договорил личните услови со Манчестер јунајтед, меѓутоа клубовите се уште не можат да се договорат околу обесштетувањето.

Манчестер јунајтед понудиле 50 милиони евра за Варан, Реал ја постави цената на 60 милиони евра.

Scroll to Top