Брејкденсот може да биде дел од Олимписките игри во Париз во 2024 година, во изненадувачка најава на организаторите, која од друга страна може да е лоша вест за сквошот.
Акробатскиот стил на уличен танц, обично со хип-хоп подлога, никогаш досега не бил ниту во најавите на било која Олимпијада, но сега може да се најде покрај спортското искачување, скејтбордот и сурфањето, кои се веќе потврдени за Токио 2020. Четирите спорта треба да добијат зелено светло од Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ).
„Предложуваме воведување на брејкденсот и славните битки на Париз 2024 првпат во историјата. Се работи за урбан, универзален и популарен спорт со повеќе од милиони б-бојс и б-грлс во Франција“, се вели во соопштението на организаторите.
Брејкденсот беше вклучен на минатогодишната Младинска Олимпијада во Буенос Аирес, а конечната одлука ќе биде донесена во декември 2020 година по ЛОИ во Токио.