Федерика Брињоне го комплетираше хет-трикот победи во својот омилен ски-центар, швајцарскиот Кран-Монтана, триумфирајќи трета година едноподруго во трката во алпска комбинација.
Италијанката беше најбрза по утринскиот спуст, по што имаше солидно слаломско возење за да ја победи Канаѓанката Рони Рем за 0.38 секунди. За Рем, која имаше најдобро време во слаломот, ова е прв подиум во кариерата.
Брињоне исто така победи во комбинација во Кран-Монтана последните две сезони, додека во февруари 2017 година беше втора зад Микаела Шифрин.
Швајцарката Венди Холденер беше трета со 1.04 секунди послабо време, две недели откако ја одбрани светската титула во комбинација во шведскиот Оре.
Фото: ЕПА
Splendida Federica Brignone! ??
Ma quanto ti piace Crans Montana?? Sei alla terza vittoria di fila qui… ??#EurosportSCI | https://t.co/yeuDfRYfGo pic.twitter.com/iASNMpFbhu
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) February 24, 2019