Италијанката Федерика Брињоне стигна до својата четврта победа оваа сезона, триумфирајќи на супер-џи трката на олимписката патека во Сочи пред својата сонародничка Софија Гоџија и Швајцарката Јоана Хелен.
Супер-џи трката се оддржа откако во саботата беше откажан спустот поради силниот снег во ски-центарот Роза Хутор. За 29-годишната Брињоне ова е четиринаеста победа во светскиот куп и трета во супер-џи оваа сезона.
Лидерката во генерален пласман, Микаела Шифрин реши да ги прескокне трките во Сочи за да се одмори.
Federica Brignone rischia, perde qualcosa, ma poi si riprende da campionessa… Che vittoria nel Super G di Sochi! ?@FedeBrignone #EurosportSCI pic.twitter.com/3ykVs3SWDJ
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) February 2, 2020