Top Sport

Бублик го изненади Зверев во Монпелје, Соуса триумфално во Пуне

Казахстанецот Александер Бублик стигна до својата најголема победа во кариерата, изненадувајќи го светскиот број 3, Александер Зверев со 6:4/6:3 за да го освои својот прв АТП трофеј на Опен Суд де Франс во Монпелје.

24-годишниот Бублик, за кого ова беше петто АТП финале, имаше осум аса и освои 86 отсто од поените на прв сервис за вторпат во два дуели да го победи Зверев, овојпат за помалку од 70 минути.

Португалецот Жоао Соуса, пак, освои титула првпат по четири години, откако со 7:6(9)/4:6/6:1 го совлада Финецот Емил Русувуори во финалето на Тата опен во Пуне, Индија. Во меч кој траеше маратонски 2 часа и 43 минути, 32-годишниот Португалец го искористи своето искуство во последниот сет за да ја освои првата титула по таа од Есторил во 2018. За Русувуори ова беше прво АТП финале.

Scroll to Top