Казахстанскиот тенисер, Александер Бублик ја освои својата прва АТП 500 титула, откако во возбудливото финале во Хале, со 6:3/3:6/6:3 го победи Русинот Андреј Рубљов. Ова е исто така прва титула на тревната подлога на еден од најголемите таленти во светот на тенисот, кој, за жал, честопати е непредвидлив и неамбициозен.
Бублик го почна мечот со 0-2 скор во финалињата на трева, губејќи го мечот за титулата во Њупорт во 2019 и 2022 година, но во 95 минути игра покажа фантастична игра, посебно во првиот сет. Како во текот на целата недела, Бублик беше доминантен на свој сервис, за да ги ограничи шансите на Рубљов.
Ова е втора титула во кариерата на Казахстанецот, по таа во Монпелје во 2022 година, а 26-годишниот тенисер ќе скокне во топ 20 во машкиот тенис, првпат во кариерата.
HALLE—LUJAH 🌱🏆
The moment Alexander Bublik captured his first career ATP Tour grass court title!@ATPHalle | #TerraWortmannOpen pic.twitter.com/AlHSxO48r8
— ATP Tour (@atptour) June 25, 2023