Тенискиот свет минатиот викенд беше шокиран од умешноста на 12-годишниот Теодор Давидов, млад бугарски тенисер кој може да донесе вистинска револуција на спортот ако го пренесе тоа што го умее во професионалниот спорт.
Снимката на Давидов стана атракција, откако младиот тенисер покажа неверојатна стратегија на удирање на форхенд со двете раце, целосно игнорнирајќи ги бекхенд ударите. На јуниорски турнир во јужна Калифорнија, Давидов сервираше со левата рака, а потоа од игра го менуваше рекетот меѓу двете раце за интересна игра.
B12s quarterfinalist Teodor Davidov never hits a backhand. Alternates serving left-handed and right-handed too#adidasEasterBowl pic.twitter.com/yWZqmAHURN
— Colette Lewis (@zootennis) March 28, 2021
Оваа тактика веднаш донесе коментари кои му предивудваат голем иднина на 12-годишникот. Поранешниот австралиски тенисер Пол Мекнеми го спореди Давидов со Рафаел Надал и посочи дека ова можеби е иднината на тенисот.
„Секогаш сум чуствувал дека следниот развој во тенисот ќе биде да имаш два ‘кралски’ форхенда. Замислете форхенд од типот на Рафа на двете страни. Предобро“, напиша Мекнеми.
Со него се согласи и поранешниот тренер на Андре Агаси, Бред Гилберт.
„Да се сервира со двете раце и да се игра со два форхенди носи огромна предност. Би сакал да го видам за неколку години. Ако создаде и добро движење на нозете, ќе биде незапирлив“, вели Гилберт.