УФЦ шампионот во перо категорија, Австралиецот со македонско потекло, Александер Волкановски го нарече предизвикувачот Брајан Ортега „е.ан допингувач“ во бурно соочување пред утрешниот меч на УФЦ 266 во Лас Вегас.
Ова е втора одбрана на Волкановски на титулата и тој призна дека дознал за допинг-престапот на неговиот американски ривал неодамна. Ортега имаше позитивен тест на стероидот дростанолон по победата над Мајк де ла Торе во 2014 година, по што доби деветмесечна суспензија и казна од 2.500 долари.
Иако оттогаш тој има осум меча без да падне на допинг-тест, Волкановски не му прости.
„Не знаев дека уфрлаш. Тоа ср.ње не е добро за мене. Не заслужуваш да бидеш тука. Ти си е.ан допинугвач“, провоцираше 32-годишниот Волкановски.
Австралиецот има 22-1 скор и ја освои титулата во перо категорија со победа над долгогодишниот шампион Макс Холовеј во декември 2019, пред да ја одбрани и во реваншот минатиот јули.
No love lost between these two. ?@AlexVolkanovski takes on @BrianTCity Saturday.
[ #UFC266 | Sep 25 | Live on ESPN+ PPV: https://t.co/2qE0lEWxD2 ] pic.twitter.com/P93YQNwLO7
— UFC (@ufc) September 23, 2021