Поранешната финалистка од Вимблдон и една од најзгодните тенисерки на ВТА турнејата, Јуџини Бушар доби низа понуди за партнерство откако призна дека карантинот поради корона вирусот би бил „позабаван со момче“.
26-годишната Бушар, како и сите тенисери и тенисерки ја очекува долга пауза, откако АТП и ВТА турнејата е одложена до 7 јуни и таа на социјалните мрежи предизвика вистинска бура кога призна дека би сакала да има и машко друштво.
„Не се жалам, но сметам дека карантинот би бил многу позабавен со момче“, напиша поранешната светска тенисерка број 5.
Секако, по ова, одговорите беа многубројни (помалку или повеќе пристојни), а дел од фановите ја привлекуваа Бушар со подарок на колекција на тоалет хартија.
Тенисерката, која падна на 328. место на ВТА листата по низа лоши сеозни, во 2017 година стана славна на Интернет откако по загубен облог на Супер болот, го исполни ветувањето и излезе во град со момчето. Бушар, инаку, има над 2.1 милиони следбеници на Инстаграм.
not complaining, but i feel like quarantine would be a lot more fun with a boyfriend
— Genie Bouchard (@geniebouchard) March 18, 2020