Соломон Шломо Азари се преправал дека е брат на канадската тениска ѕвезда Јуџини Бушар и живеел во луксуз два месеци, трошејќи 42.000 долари од банкарската сметка на спортистката.
24-годишниот Азари од мај до јули бил во „Саут бич“ хотелот во Мајами, каде што на луѓето им се преставувал како брат на Бушар, која инаку постојано се сместувала во хотелот кога не се натпреварувала. Покрај тоа што живеел во хотелот, тој уживал во луксуни оброци и пијачки во ресторанот на хотелот.
Неговата „шема“ била пробиена откако агентот на Бушар одбил да ја плати сметката од 42.000 долари, по што во неделата полицијата го уапсила Азари, кај кого исто така пронашла и кокаин. Тој е обвинет за грабеж, кражба на идентитет, организирана измама и поседување на дрога.
Man posed as Eugenie Bouchard's brother to defraud her of $42K: cops https://t.co/5TXVSwM2rq pic.twitter.com/ddmkz01RfG
— New York Post (@nypost) August 21, 2019