Мајк Тајсон, човекот кого во минатото го промовираа како „Челичниот“ и „Најлошиот човек на светот“, заврши во солзи во интервју со поранешниот шампион Шугар Реј Ленард, признавајќи дека по повлекувањето од боксот се чувствувал празно.
Американецот се пензионираше во 2005 година по 20-годишна кариера, во која победи во 50 од 58 меча и ги носеше ВБА, ВБЦ и ИБФ појасите. Сега, 15 години подоцна, тој ги признава менталните проблеми по пензионирањето. Зборувајќи на подкастот на Ленард за своите чувства, велејќи дека се чувствувал „празен“.
„Јас сум е.ан ученик на војните. Ги знам сите воини, од Карло Велики до Ахил, бројот 1 од сите воини, до Александар и Наполоен, ги знам сите. Читава за сите нив, ги проучував, ја знам уметноста на војувањето, бидејќи само тоа го учев. Затоа толку се плашеа од мене додека бев во рингот. Бев уништувач, бев роден за тоа. Сега, тие денови се зад мене. Сега сум празен, сега сум ништо. Работам на тоа да бидам малку поскромен. Тоа е причината поради која што плачам сега, што не сум таа личност повеќе и навистина ми недостасува“, открива емотивно Тајсон.
„Челичниот“ останува најмладиот шампион во тешка категорија, која првпат ја освои во 1986 година со победа на Тревор Бербик кога имаше само 20 години. Со победи во првите 19 меча, од кои 12 со нокаут, тој и сега е сметан за еден од најмоќните тешкаши во историјата.
„Сега, понекогаш се чувствувам како кучка, но не сакам таа личност да излезе, бидејќи со него доаѓа и пеколот. И, не е смешно. Да, можеби звучам кул, можеби сум цврст надвор, но го мразам тој човек. Исплашен сум од него“, додава Тајсон.