Top Sport

Чен го освои златото во уметничко лизгање, бранителот на титулата Ханју остана без медал

Американецот Нејтан Чен го освои златниот медал во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг. Шампионот од Сочи и Пјонгчанг, Јапонецот Ханју Јузуру, остана без медал, на крајот беше четвртти.

Чен, кој во кратката програма го собори рекордот со 113,97 поени, во слободната програма освои нови 218,63 поени. Тој уште еднаш ги воодушеви судиите, настапи со песната на Елтон Џон „Rocketman“.

Чен е трикратен светски првак. Во Пекинг го освои првото олимписко злато.

Зад Чен завршија Јапонците Јума Кагијама и Шома Уно.

Scroll to Top