Top Sport

Богдановиќ и Јута убедливи против Вориорс, Нуркиќ и Портланд славеа против Лејкерси

Јута Џез ставија крај на победничката серија во која беа кошаркарите на Голден стејт Вориорс. Изминатата ноќ, ЛА Лејкерс доживеаја пораз од Портланд, а Сакраменто славеа во дуелот со Минесота.

Јута убедливо со 111:85 ги победи Вориорс. Бојан Богдановиќ ја предводеше Јута со 23 поени и шест скока. Вориорс ги предводеше Џордан Пул со 18 поени. Јута ја прекинаа серијата од девет победи во која беа Вориорс.

Портланд, еден од најлошите тимови во лигата, успеа да слави против Лејкерси 107:105. Анфрени Симонс од линијата за слободни фрлања, на три секунди до крајот ј потврди победата на Портланд. Симонс мечот го заврши со 29 поени, одличен беше и Јусуф Нуркиќ со 19 поени и 12 скокови.

Лејкерси ги предводеше Леброн Џејмс со 30 поени и по седум скока и асистенции.

Сакраменто Кингс ја декласираа Минесота со 132:119. Домантас Сабонис дебитираше за Кингс со 22 поени и 14 скокови. Сакраменто го предводеа Херисон Барнс со 30 и Диерон Фокс со 27 поени. На спротивната страна Дианџело Расел забележа 29 поени и 10 асистенции.

Scroll to Top