Хрватот Марин Чилиќ и Бугаринот Григор Димитров обезбедија места на АТП финалето во Лондон следниот месец, оставајќи само уште две места на елитниот турнир за најдобрите осум тенисери во 2017 година.
Чилиќ и Надал се приклучуваат на светскиот број 1, Рафаел Надал, швајцарскиот ас Роџер Федерер, Гереманецот Александер Зверев и Австриецот Доминик Тим, откако Сем Квереј го загуби првиот меч на Виена опен во вторникот.
Хрватот Чилиќ победи на Истанбул опен во мај и играше во финалињата на Квинс Клаб и Вимблдон, за по третпат да се пласира на АТП финалето по настапите во 2014 и 2016 година.
„Три пати во последните четири години патувам за Лондон и тоа беше една од главните цели на стартот на сезоната. Фантастично што повторно ќе играм во ’О2 арената’“, вели Чилиќ.
Димитров во август ја освои својата прва Мастерс 1000 титула на Синсинати опен во август, а триумфираше и на домашниот турнир Софија опен и на Бризбејн интернешнл на стартот на сезоната. Тој е првиот бугарски тенисер со пласман на АТП финалето.
Бидејќи Енди Мареј, Новак Ѓоковиќ и Стен Вавринка се во „аут“ со повреди, Белгиецот Давид Гофан и Шпанецот Пабло Карењо Буста се на позиција да ги освојат последните места на турнирот од 12 до 19 ноември.