Марин Чилиќ по маратонски 4 часа и 14 минути успеа да се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос, победувајќи го светскиот број 7, Русинот Андреј Рубљов со 5:7/6:3/6:4/3:6/7:6(10:2).
За 33-годишниот поранешен шампион од САД опен, ова е најголем успех на земјените терени во Париз во кариерата, и сега има совршена шанса за финале, бидејќи во полуфиналето „налетува“ на подобриот од дуелот меѓу светскиот број 8 од Норвешка, Каспер Руд и данското изненадување Холгер Руне.
Во второто полуфинале се 13-кратниот шампион од Париз, Рафа Надал, кој вчера го елиминираше Новак Ѓоковиќ и германскиот ас, Александер Зверев. Чилиќ, да потсетиме, е еден од шесте активни тенисери со над 20 АТП титули, покажувајќи фантастична постојаност во својата кариера.