Top Sport

Чилиќ се повлече од Вимблдон – позитивен е на коронавирусот!

Поранешниот гренд слем шампион, Хрватот Марин Чилиќ се повлече од Вимблдон поради позитивен тест на коронавирус, прекинувајќи ја сезоната на трева по фантастичниот пласман во полуфиналето на Ролан Гарос.

„Еј луѓе, со жалење морам да споделам дека сум позитивен на КОВИД-19. Бев во самоизолација и се надевав дека ќе бидам подготвен, но за жал не се чувствувам најдобро и не можам да го дадам максиммот. Срцето ми е скршено бидејќи ми недостасува Вимблдон. Ќе се видиме следната година“, напиша Чилиќ на социјалните мрежи.

Како 14. носител, тој требаше да стартува против Американецот Мекензи Мекдоналд, а беше во делот на ждрепката со Рафаел Надал.

Scroll to Top