Top Sport

Ловрен признава: Во Хрватска ми замеруваат што играм во Русија

Хрватскиот ветеран Дејан Ловрен во интервју за руската „Мач ТВ“ признава дека на негова „сметка“ имало многу критику по одлуката да остане во Зенит Санкт Петерсбург и покрај руската инвазија на Украина.

Поранешниот фудбалер на Ливерпул во интервјуто јасно зборува дека се чувствува добредојдено во Русија и дека планира да ги тужи тие во Хрватска кои го обвинувале.

„Воопшто не се двоумев дали ќе се вратам во Русија, иако Зенит нема да игра во европските натпреварувања. Не ја сфаќам таа одлука, бидејќи спортот и политиката треба да биат независни, а сега многу спортисти се неправедно казнети. Дури и параолимпијците, кои цел живот работеа на тоа да одат на Олимпијадата. Се работи за двојни станарди, но тоа не можеме да го смениме. Мораме да бидеме посилни оваа сезона. Имам тригодишен договор и планирам да го исполнам“, вели Ловрен.

За пораките од Хрватска, тој е јасен.

„Ситуацијата е тешка и за мене. Имаше голем притисок кон мене и некои луѓе сакаа да заминам. Не ми се допаѓа тоа. Немам ништо против Русија, тука супер ме примија и имам одлични пријатели. Секогаш сум прифаќал критики, но овојпат се премина кон непочитување лично кон мене и моето семејство. Има граница во тоа што ссмее да се изјави и затоа ќе одам на суд. Ако победам, ќе ги дадам парите на тие на кои навистина им се потребни“, вели Ловрен

Scroll to Top