Марин Чилиќ дозволи да му „избега“ победата по предност од 4:2 во одлучувачкиот сет, за на крајот Американецот Џек Сок во своето деби на АТП финалето да стигне до првата победа, со 5:7/6:2/7:6(4).
Откако во првото коло загуби и од Александер Зверев (исто така во три сета), за Хрватот турнирот најверојатно е завршен, бидејќи во последниот меч игра со првиот фаворит за титулата по повлекувањето на Рафаел Надал, Роџер Федерер.
Сок со победата го продолжи совршениот скор против Чилиќ, победувајќи го сите три меѓусебни дуели, а исто така ова е прва победа за Американец на АТП финалето по таа на Енди Родик во 2007 година. Тој сега ќе чека позитивен исход во дуелот Роџер Федерер-Александер Зверев, односно ќе треба да се надева дека Германецот ќе го загуби мечот.
„Утрото беше малку необично, бидејќи алармот за пожар се вклучи во 4 часот наутро и моравме да излегуваме надвор. Сепак, уживам во Лондон, имам прекрасни сеќавања од Вимблдон и сега ќе се обидам да останам во игра за барем уште два меча“, изјави Сок по победата.
A tie-break to seal it…@JackSock fights back from a set down to beat Marin Cilic 5-7 6-2 7-6(4) in London.#NittoATPFinals pic.twitter.com/WnJXBXpHC4
— Tennis TV (@TennisTV) November 14, 2017