Дерек Чизора се враќа во рингот на 20 април во „О2“ арената, а противник ќе му биде германскиот боксер Сенад Гаши.
Чизора е поранешен предизвикувач во тешка категорија, за шампионските појаси се бореше со Виталиј Кличко на 18 февруари 2012 година. Пред седум години Чизора, на поени, го загуби дуелот со Кличко. Потоа со нокаут беше поразен и од Дилан Вајт.
Во декември тој решил да се врати во рингот. Противник на 36-годишникот ќе му биде Гаши, кого го нарекуваат „албанскиот Тајсон“. Во кариерата Гаши има 17 победи и два порази.
Промотор на оваа борба ќе биде Еди Херн.