Top Sport

Човекот кој го одигра најдолгиот меч во историјата заминува во пензија по САД опен

Американецот Џон Изнер, кој славно учествуваше во најдолгиот меч во историјата одигран на Вимблдон во 2010, ќе се повлече од професионалниот тенис на САД опен оваа година.

38-годишниот Изнер, кој го совлада Французинот Никола Мау со 6:4/3:6/6:7(7)/7:6(3)/70:68 во епски меч од 11 часа одиграни во три дена пред 13 години, потврди дека се повлекува на Флешинг Медоуз, каде што беше четврт-финалист во 2011 и 2018.

„По повеќе од 17 години на АТП турнејата, дојде време да се збогувам со професионалниот тенис. САД опен ќе биде мојот последен турнир. Транзицијата нема да биде лесна, но едвај чекам да поминувам секоја секунда со моето семејство“, напиша Изнер, кој има четири деца со својата сопруга Меди.

Изнер е лидер на АТП турнејата со 14.111 аса, а девет години (2012-2020) беше највисокорангираниот американски тенисер. Во неговата кариера тој освои 16 титули во сингл и 8 во двојки.

Scroll to Top