Top Sport

Цибулкова го очекува првото дете!

Поранешната светска тенисерка број 4, Доминика Цибулкова очигледно го започна следното поглавје во животот по повлекувањето од тенисот, откако потврди дека таа и нејзиниот сопруг Михал го очекуваат првото дете.

Словачката тенисерка се повлече од тенисот пред само три недели, на промоцијата на својата биографија „Тенисот е мојот живот“, а последниот меч го одигра на Ролан Гарос оваа пролет.

„Благословени сме што можеме да ви кажеме дека ќе бидеме наскоро семејство со три члена“, напиша на Инстаграм финалистката од Австралија опен 2014.

Таа најави дека планира да се фокусира на работата на својата тениска академија во Братислава.

„Веќе почнав да чувствувам дека тенискиот живот е претежок за мене, со сите патувања и тренинзи. Чувствувам дека дадов доволно и остварив работи кои не верував дека се можни“, изјави популарната Доми.

 

View this post on Instagram

 

Beyond blessed and overjoyed to tell you we are going to be a family of 3❤️❤️❤️??????

A post shared by Dominika Cibulkova (@domicibulkova) on

Scroll to Top