Полуфиналистот од Австралија опен, грчката тениска сензација Стефанос Циципас ја освои својата прва АТП титула во 2019 година, откако со 7:5/7:6(5) го совлада Казахстанецот Михаил Кукушкин во финалето на Опен 13 Прованс во Марсеј.
Кукушкин го „преживеа“ брејкот во првиот сет, но загуби на 6:5, додека во вториот сет имаше 4:2 водство, пред 20-годишниот Циципас да се врати и да го крене својот втор АТП трофеј во кариерата.
20-годишниот Циципас, кој сега е 12. на АТП листата го победи Роџер Федерер во Мелбурн, пред да загуби од Рафаел Надал во полуфиналето. Тој стана првиот Грк со АТП титула со триумфот во Стокхолм во октомври 2018.
The moment @StefTsitsipas claimed the ? in Marseille! ?
That’s now two #ATPTour titles for the #NextGenATP star ?
?: @TennisTV pic.twitter.com/8QzlwFYq1l
— ATP Tour (@ATP_Tour) February 24, 2019