Младиот шпански тенисер Пабло Алкарас го елиминираше Стефанос Циципас на Ју-ес опен. Наследникот на Надал, го победи третиот носител во пет сета со 6/3, 4/6, 7/6, 0/6, 7/6.
Талентираниот Алкарас одигра неверојатен меч против големиот фаворит. Третиот сет беше клучен за триумфот на Шпанецот. Во него Циципас испушти предност од 5:2.
Во наредното коло Алкараз ќе игра против Петар Гојовчик од Германија.
Големо изненадување се случи и на женскиот дел од турнирот. 18-годишната Канаѓанка Лејла Фернандес ја елиминираше Наоми Осака.
Фернандес победи со 2:1, по сетови 5/7, 7/6, 6/4.
Младата Канаѓанка во наредната рунда ќе игра протид Анжелик Кербер.