Грчкиот тенисер Стефанос Циципас не можел да поверува во информацијата дека најпрестижниот турнир во светот, Вимблдон нема да се играа оваа сезона.
Пред два дена организаторите донесоа одлука Вимблдон да не се игра оваа година.
Информацијата дека прв пат по Втората светска војна нема да се игра Вимблдон беше соопштена на 1 април поради што талентираниот Грк мислел дека се работи за шега.
„Заминав на спиење мислејќи дека е прво априлска шега, а кога се разбудив ми стана јасно дека Вимблдон навистина е откажан“, изјави Циципас.
„Ќе ми недостига овој посебен турни, со нетрпение ќе ја чекам 2021 година. Останете дома, останете ментално здрави“, дополнил Циципас.