Новак Ѓоковиќ ќе се бори за седмата титула на Мастерсот во Париз. Србинот во драматичното полуфинале го победи Стефанос Циципас со 6:2, 3:6, 7:6. Ова беше 11 дуел меѓу Ѓоковиќ и Циципас, српскиот играч има предност 9:2.
Ѓоковиќ и Циципас одиграа прекрасен меч, Србинот доминираше во првиот, Гркот во вториот сет.
Третиот донесе тотална неизвесност, Ѓоковиќ не успеа два пати, во третиот и деветтиот гем, да искористи по две поврзани топки за брејк. На крајот победникот го реши тај-брејкот.
Во 13. игра, Циципас прв направи мини-брејк, дојде до 3:4, а потоа Ѓоковиќ освои четири поени за пласман во финалето.
Во финалето, противник на Ѓоковиќ ќе му биде Холгер Руне. Ѓоковиќ и Руне, лани играа во првото коло на Ју-ес опен, пласман во наредната рунда избори српскиот тенисер.