Top Sport

Циципас закажа „пресметка“ со Кирјос, кој вели дека потсетил дека навистина е добар тенисер

Стефанос Циципас со 6:2/6:3/7:5 го совлада Австралиецот Џордан Томпсон за да закаже супер-интересен меч во третото коло на Вимблдон, со уште еден Австралиец, Ник Кирјос, кој го „збриша“ Филип Крајиновиќ со 6:2/6:3/6:1 за само час и 26 минути игра во Лондон.

Кирјос, благодарение на фантастичниот сервис, доминираше во мечот од почеток до крај, и во исто време лесно создаваше брејк-топки на сервис на Србинот. По мечот, тој јасно им порача на скептиците меѓу публиката и на следните ривали.

„Само сакав да ги потсетм сите дека сум навистина добар тенисер. Не бев најдобар во првиот меч, но денеска бев во мојата зона. Вимблдон ми е најголемата шанса да освојам гренд слем, и го имав заокружено на календарот од почетокот на годината. Имам тешка жрепка, но ќе играм уште подобро“, изјави Кирјос.

Scroll to Top