Поранешната романска тениска ѕвезда, а сега милијардер, Јон Циријак влезе во зачудувачки напад на Серена Вилијамс, велејќи дека освојувачката на 23 гренд слем трофеи треба да си замине од тенисот поради годините, но и килограмите.
„Ако Вилијамс имаше ронка пристојност, требаше веќе да е во пензија. На нејзините години и со тежината која ја има, не е лесно да се движи како пред 15 години. Дефинитивно треба да е готово“, вели 81-годишниот Циријак во интервју за романската телевизија „ТВР“.
Сопругот на Вилијамс, и ко-основач на „Редит“, Алексис Оханијан на Твитер кратко одговори на оваа изјава: „Можам безбедно да кажам дека никому не му е грижа што мисли Јон Циријак“.
Ова не е првпат Циријак да има вакви коментари за Серена, откако во 2018 изјави дека на женскиот тенис му се потребни нови ликови.
„Со целосна почит, но Серена има 36 години и 70 кила и би сакал да видам нешто поинаку, тенисерка како Штефи Граф“, изјави тогаш Циријак за германски весник.