Top Sport

Цонга ја „запали“ публиката во Лил, Франција израмни на 1:1

Жо-Вилфрид Цонга му дозволи само шест гема во три сета на Стив Дарси за да помогне Франција и Белгија да бидат израмнети на 1:1 по првиот ден од големото Дејвис куп финале во Лил.

Откако белгискиот број 1, Давид Гофан го „збриша“ Лукас Пуј во првиот сингл меч од финалето, Цонга мораше да избегне изненадување против 76-рангираниот Дарси, за Франција да не дојде во ситуација да биде на една победа од елиминација.

Цонга, инспириран од гласната публика на преправениот стадион „Пјер Моро“ во Лил, играше импресивно од првиот до последниот поен стигнувајќи до 6:3/6:2/6:1 победа.

Гофан го „здроби“ Пуј за Белгија да поведе во Дејвис куп финалето (видео)

Scroll to Top