Top Sport

„Црна минута“ на руски ММА борец, направи „каранбол“ по крајот на мечот

Најдобриот словенечки ММА борец, Урош Јуришиќ загуби во „KSW“ дебито од Русинот Шамил Мусаев, по судска одлука по 3 рунди борба.

Сепак, борбата на двајцата до сега непоразени борци остана во втор план поради сцената која се случи откако мечот веќе беше завршен, а победникот веќе беше прогласен.

Мусев дојде до Јуришиќ и го прегрна. На прв проглед се чинеше дека сакаше да се поздрави, но тогаш го крена противникот, го фрли на подот и почна да го удира.

Веднаш втрчаа членовите од двата тима и ги раздвоија борците. Сепак, оваа сцена остави црн печат на борбата, а за очекување е да следува и санкција за рускиот фајтер.

Погледнете:

Scroll to Top