Top Sport

Црногорците и Хрватите му ја „уништуваат“ турнејата на Ѓоковиќ

Одлуката на владите на Црна Гора и на Хрватска да не ги отворат границите за државјаните на Србија може да ги уништи плановите на Новак Ѓоковиќ за организација на балканската „Адрија турнеја“ со Доминик Тим,  Александер Зверев, Марин Чилиќ и Борна Чориќ.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави дека границите се отвараат за жителите на 10 земји, меѓу кои не е Србија (ниту Македонија), така што станува неизвесни мечевите кои требаше да се оддржат во Задар на 20 и 21 јуни, иако дотогаш има време оваа одлука да се смени.

Засега, сигурни на „Адрија турнејата“ се Белград (13 и 14 јуни) и Бања Лука (3 и 4 јули).

Ѓоковиќ го организираше необичниот егзибициски турнир низ Балканот по паузата во тениската сезона поради корона вирусот, а сите средства од мечевите ќе одат во добротворни цели преку неговата фондација.

Scroll to Top