УФЦ ѕвездите, Хамзат Чимаев и Абубакар Нурмагомедов ги надминаа своите несогласувања по нивната тепачка покрај кафезот која фрли сенка на големата победа на Ислам Махачев над Чарлс Оливеира во Абу Даби, со што стана нов шампион во лесна категорија.
Абубакар, кој е братучед на УФЦ легендата Хабиб, влезе во конфликт со чеченската ѕвезда Чимаев на „Етихад арената“ веднаш по победата на Махачев на УФЦ 280. По шокантните сцени, двајцата се собраа под туторство на Хабиб, Махачев и чеченскиот лидер Разван Кадиров.
„Тоа што се случи во Абу Даби не е убаво за сите нас. Ниту за нас, ниту за Абубакар, ниту за Ислам, ниту за Хамзат, за никого. Веќе ни е доста од тоа. Сите на Интернет пишуваат за нас, дури и историскиот успех на Ислам беше во втор план. Се сретнавме. Зборувавме. Тие е извинија еден на друг и се гушна. Се надевам дека во иднина ќе се среќаваме само за убави работи. Ислам го освои појасот, Хамзат е слениот. Ќе се сретнеме пак кога тој ќе го освои појасот. Вакво нешто не смее да се повтори“, вели Нурмагомеов.
Кадиров пак на Инстаграм вели дека интервенирал во расправијата.
„Има нерви, не само во октагонот, туку и надвор од него. Сите гледачи се загрижени за своите фајтери и тие ги чувствуваат ситте емоции во рингот. Нема расправија меѓу Хамзат Чимаев и Абубакар Нурмагомедов, лично ме известија и ќе ја пратам истата порака до сите. Не треба да се претерува, вакви работи се случуваат и меѓу браќа“, вели Кадиров.
Khabib statement about altercation, says khamzat is future champ 🤝🦅🐺 pic.twitter.com/xPCsYqPk47
— BORZ DRIPMAEV (@big38gohawkem) October 23, 2022
Looks like everything has been peaced out between Khamzat Chimaev and Khabib Nurmagomedov's team 👍 (via Reddit MMA) pic.twitter.com/aO1oI4BuLp
— Chamatkar Sandhu (@SandhuMMA) October 23, 2022