Гери Вилсон го има својот турнир од соништата, откако стигна до полуфиналето на Светското првенство во снукер во Шефилд, но според многумина ќе биде запаметен и по најлошиот удар во историјата на шампионатите.
35-годишниот Англичанец, кој претходно ги елиминираше Марк Селби и Али Картер на патот до полуфиналето, каде што игра против Џад Трамп, во деветтиот фрејм го имаше својот „момент на лудило“.
При 33:49 за противникот, Вилсон имаше можност лесно да ја уфрли црвената топка, но наместо тоа направи лоша проценка.
Jumping into the weekend like… #ilovesnooker @Betfred pic.twitter.com/1KvvqbtTwX
— World Snooker (@WorldSnooker) May 3, 2019