Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) се најде на удар на критичарите, откако на Светското првенство за атлетичари под 20 години во Тампере, Финска гледачите беа зачудени од тоа што етиопската тркачка Гирмавит Гебрзихаир беше претставена како 16-годишна девојка.
Гебрзихаир дефинитивно не изгледа како обична 16-годишна девојка, и критичарите велат дека таа има најмалку 30 години. Според информациите од ИААФ, во 2017 година, Гебрзихаир истрчала фантастични 32:33 на 10 километри, кога имала само 14 години.
Во Тампере во трката на 5.000 метри , таа не стигна до златото, откако Кенијката Беатрис Чебет победи пред Еџгајеху Таје, додека Гебрзихаир беше бронзена.