Top Sport

Дарио Ивановски – победник во машка, а Адријана Поп Арсова во женска конкуренција на 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“. Овогодинешното издание имаше масовна посетеност, односно 1650 натпреварувачи застанаа на стартната линија.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот во Скопје владееше одлична атмосфера, со голема доза позитивна енергија, пропратена со популарни музички хитови, кои дополнително ги мотивираа учесниците во текот на трката.

Благодарение на учесниците на трката, како и на посетителите кои им даваа силна поддршка и гласни аплаузи, „Халк Еко Скопје Трча 10км“ и оваа година покажа дека спортскиот дух обединува, сплотува и го подигнува расположението на неверојатно ниво. Прво место во машка конкуренција освои Дарио Ивановски, додека во женска конукренција прва до финишот стигна Адријана Поп Арсова, со што освои национален рекорд.

Резултатите од „Халк Еко Скопје Трча 10км“ ќе бидат објавени на следниот линк: https://tagtiming.mk/skopjerun/results2024.htm. Исто така, сите фотографии ќе бидат споделени на: – https://www.getpica.com/.

На трката со 10 км, првите 5 места во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени со вкупен награден фонд од 160.000 денари и дополнителни вредносни награди. Пехари ќе добијат и најдобо рангираните во старосни категории и најбрзите пријавени екипи.

Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К. Скопски Маратон, А.К.Работнички, додека покровител е Град Скопје.

Патеката на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ е измерена и сертифицирана од страна на овластено лице од АИМС и Светска Атлетика.

Организаторите на настанот им искажуваат голема благодарност на сите учесници, како и на волонтерите за денешното динамично, енергично и масовно издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 2024 година.

Scroll to Top