Top Sport

Дарио Ивановски последен во квалификациите на 3.000 метри на Европското првенство во сала

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски го освои последното место на трката на 3000 метри на Европското првенство во сала кое се одржува во Истанбул, Турција. Тој трчаше далеку под можностите и оствари резултат од 8:17.93 минути, најлош во квалификациите.

Ивановски не можеше да го следи темпото на групата и на крајот заврши со 20 секунди послабо време од својот најдобар резултат.

Тој националниот рекорд на Македонија во оваа дисциплина (7:58.48 минути) го постави токму на трка во Турција.

Вчера настапи и втората македонска претставничка, Дрита Ислами, која заврши на 25. позиција од вкупно 28 атлетичарки во дисциплината 400 метри.

Scroll to Top