Top Sport

Дастин Џонсон со Мастерс титулата, Тајгер со најлошата дупка во кариерата

Еден месец откако беше во самоизолација во хотелска соба во Лас Вегас, Дастин Џонсон ја освои својата втора гренд слем титула во голфот, триумфирајќи на 84. Мастерс во Огаста, Џорџија со најнискиот скор во историјата (ова значи најдобар во голфот).

Џонсон го надмина спориот старт за да победи со предност од пет удари пред Австралиецот Камерон Смит и Јужнокореецот Сунгџае Им. Светскиот голфер број 1 беше позитивен на корона вирусот во октомври, но сега заврши со 20 андер, поминувајќи го рекордот на Тајгер Вудс од 1997 и Џордан Спит во 2015.

Додека Џонсон славеше, Тајгер Вудс го имаше најлошиот ден во кариерата во Огаста, со скор од 10 на 12-тата дупка, трипати погодувајќи ја водата, што е најлош скор во неговата 30-годишната кариера.

44-годишниот петкратен шампион не беше во игра за шеста титула на стартот на последниот ден, но призна дека ваков ден не очекувал.

„Се преценив и погрешно го проценив ветерот. Тоа е тоа, и од таму работите тргнаа наопаку“, призна Вудс.

Scroll to Top