Австралиската тениска ѕвезда Алекс де Минаур направи уште еден чекор за влегување во топ 20 на машкиот тенис, откако стигна до својата трета АТП титула во 2019, победувајќи го Французинот Адријан Манарино во финалето на турнирот во Жухаи, Кина.
20-годишниот Де Минаур, триумфираше со 7:6(4)/6:4 во меч кој траеше нешто повеќе од два часа. Со ова тој го комплетираше одличниот турнир во јужна Кина, каде што го елиминираше и Енди Мареј, за со еден брејк да го реши финалето. Де Минаур исто така триумфираше во Атланта и Сиднеј ова година.
De Minaur with his Zhuhai trophy.
Huge congratulations to u @alexdeminaur pic.twitter.com/pLnQLeedzB— Mehedi Hasan Shawon (@SportsBoyShawn) September 29, 2019