Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски, избори пласман на Олимписките игри во Токио, во категоријата до 87 килограми.
Европските квалификации за Токио, се одржаа во Софија. Георгиевски во полу-финалето го победи актуелниот олимписки првак, Радик Исаев од Азербејџан со 13:6. Со овој и со претходниот над Динко Шегетин од Босна и Хрцеговина со 17-9, македонскиот репрезентативец обезбеди олимписка норма.
Георгиевски е вториот втор спортист од Македонија со обезбедена олимписка норма, претходно тоа го направи борачот Могамедгаџи Нуров.
Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23.јули до 8.август.
Фото/ipon.mk