Top Sport

Зверев ќе се бори за титулата во Мадрид

Александар Зверев избори пласман во финалето на Мастерсот во Мадрид. Германецот, во првото полу-финале на турнирот, во два сета го победи Доминик Тим.

Во меч со малку грешки, Зверев до победата дојде по 98 минути. Во првиот сет направи еден брејк, во четвртиот гем. Во вториот со два брејка Зверев стигна до 4:1, Тим успеа да врати еден брејк, но повеќе од тоа не можеше.

На крајот Зверев победи со 6/3, 6/4.

Со оваа победа, Зврев му се освети на Тим за поразот во финалето на ју-Ес опен.

Германскиот тенисер, утре за титулата ќе се бори против Каспер Руд или Матео Беретини.

Scroll to Top