Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт потврди дека сензацијата на социјалните мрежи, Хазбула Магомедов добил договор со престижната ММА федерација и во исто време му прати шеговито предупредување н Конор Мекгрегор.
Хазбула собра фантастични 3.2 милиони следбеници на Инстаграм и има над 2 милијарди прегледи на Тик Ток, а минтата година беше посебен гостин на УФЦ 267. 19-годишниот Хазбула сега има договор за соработка за промоции со УФЦ, но и за меч.
„Да, потпишавме договор со Хазбула, а што ќе се случи понатаму ќе видиме. Конор Мекгрегор не смее да се за.бав бидејќи ќе добие таков ќотек ако Хазбула го начека на улица“, вели Вајт.
Мекгрегор подолго време најавува враќање во УФЦ откако ја скрши ногата при порзот од Дастин Поаире минатото лето. Тој влезе во неверојатен напад на Хазбула преку социјалните мрежи нарекувајќи го „мал смрдлив изрод“ и ветувајќи дека следниот пат кога ќе го сретне ќе го „шутне над гол“.