Top Sport

Дејвис куп: Русите подобри од шампионот Хрватска, Белгија преку Колумбија

Актуелните шампиони од Дејвис купот, Хрватска го загубија првиот меч од финалето во нов формат на тениското натпреварување, откако во Мадрид, Русија ги победи со 2:0.

Андреј Рубљев лесно со 6:3/6:3 го совлада дебитантот во тимот Борна Гојо, по што Карен Хачанов со 6:7(4)/6:4/6:4 беше подобар од Борна Чориќ. Младиот Хрват спасуваше три брејк топки во првиот сет, пред да го освои во тај-брејк, но потоа Хачанов безмилосно со два брејка го освои мечот.

Сепак, ова не значи дека Хрватите се елиминирани, бидејќи со новиот формат на натпреварување, креиран од ИТФ и од фудбалерот на Барселона, Жерард Пике, во финалето на Дејвис купот настапуваат 18 репрезентации во 6 групи – покрај Хрватска и Русија, во таа група се и Шпанците. Во четврт-финалето ќе се пласираат победниците во шесте групи и најдобропласирани две втори репрезентации.

Белгија пак, исто така стигна до стартна победа – Стив Дарси беше подобар од Сантијаго Хиралдо (6:3/6:2), додека Давид Гофан со 3:6/6:3/6:3 го совлада Даниел Галан Риверос.

Scroll to Top