Top Sport

Дел Потро му објасни на Џинобили: Федерер, Федерер, Федерер… И потоа јас го зезнав

Хуан Мартин дел Потро е секако тенисер кој можеше да оствари многу повеќе во светот на тенисот со својот фантастичен талент, ако повредите не го нарпавија своето, но како што му се пофали на својот славен сонародник Ману Џинобили, барем ја „зезна“ серијата на Роџер Федерер на САД опен.

Во финалето на американскиот гренд слем во 2009 година, популарниот Делпо успеа да се врати од два сета негатива за да стигне до 3:6/7:6/4:6/7:6/6:2 победа над петкратниот актуелен шампион Федерер во едно од најинтересните гренд слем финалиња во последните двасет години. Интересно, Федерер потоа ниту еднаш не ја освои титулата од Њујорк.

Неодамна, НБА ѕвездата Ману Џинобили влезе во Куќата на славните, а Дел Потро реши да го прошета низ терените на САД опен и до „ѕидот на шампиони“, каде што јасно му објасни: „Федерер, Федерер, Федерер, Федерер, Федерер… И дојдов јас и го зезнав“, вели Дел Потро.

Scroll to Top